Патот до успехот започна со мали чекори со само 1 вработен, кој воедно беше и управител и презентациско лице на фирмата. А потоа следеа години на постојано работење и вложување, проширување, инвестираиње, а со самото тоа и освојување на нови пазари. Денес, Mega Trade Production е една од водечките фирми за производство на градежни материјали во Р.С.Македонија.
Од самите почетоци, фирмата е водена со визија и мисија да постане специјализирана за производство на производи од фиберглас. Главниот производ вклучува фасадна мрежа од фиберглас од висококвалитетни репроматеријали.
Фирмата денес располага со соврмен деловен простор, со површина од 3000 m2. Денес семејството на Mega Trade Production е составено од повеќе професионалци кои со својата посветена работа со години наназад ги унапредуваа своите вештини, и на компанијата и овозможуваат производство со највисок квалитет.